За напредок во кариерата, понекогаш е потребно да го смените правецот на движење. За разлика од минатото, денес потребни се вештини за работа со компјутери, кои доколку ги немате, ве ставаат во неповолна положба при селекција на кандидати за работната позиција на која аплицирате. Не дозволувајте да бидете хендикепирани во однос на конкуренцијата, одвојте малку време и надоградете ги вашите вештини уште денес. Нашата наставна програма е прилагодена за брзо и лесно стекнување со основните вештини за работа со компјутер и канцелариски софтвер, ваше е да започнете, наше е да ве водиме правилно во целиот процес од почеток до крај, ќе бидете позитивно изненадени како и сите досегашни наши студенти.
ePass е хибридна платформа за стекнување со сертификат за успешно совладана обука од областа на информатичките технологии. Обуката може да се изврши на неколку начини и тоа самостојно со понудениот наставен материјал, видео туторијалите и практичните вежби или да се пријавите за обука во живо во некој од нашите акредитирани обучни центри во близина на вашето место на живеење. Нашите акредитирани центри за обука истовремено се и центри за полагање на ePass сертификатите. Откако успешно ќе ја совладате наставната материја, без разлика дали самостојно или во некој од нашите акредитирани центри, вие сте спремни за полагање на ePass сертификатот. Откако успешно го положите испитот, вие сте носител на СЕРТИФИКАТ ЗА ОСНОВНИ КОМПЈУТЕРСКИ ВЕШТИНИ И ПРОГРАМИ ЗА КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ. Овој сертификат служи како доказ дека сте соодветни при извршување на работни активности со помош на компјутер, а најчесто е предуслов за аплицирање за вработување без разлика дали во јавниот или приватниот сектор.
Пријавете се веднаш во најблискиот центар за обука и полагање и бидете во предност пред останатите кандидати при аплицирање за вашето ново работно место. Доколку сте спремни, закажете полагање или договорете обука со менторот за полесно совладување на наставниот материјал.
Без разлика дали имате доволно време на располагање или сте презафатени, обуката е прилагодена да може да се пристапи од секаде и во секое време, секоја научена лекција ја обележувате како завршена и преминувате на следната. За да ја комплетирате целосно вашата обука и да го завршите курсот, по што ќе се стекнете со сертификат, потребно е да ги обележите сите лекции како завршени, а потоа успешно да ги одговорите прашањата од нашите тестови за проверка. Вкупното време кое ќе го потрошите се 10-15 часа ефективно учење доколку за прв пат се среќавате со оваа проблематика.
За да се здобиете со ePass сертификат, потребно е целосно да го комплетирате курсот. Целосно комплетирање на курсот подразбира означување на сите лекции како завршени и успешно положени тестови за секоја од темите. Прашањата се исклучиво од наставниот материјал кој е имплементиран во лекциите.
Редовната цена за упис на ученик, пристап до системот за OnLine учење, пристап до наставните материјали, тестирања и издавање на сертификат изнесува 3.600 денари еднократно. Проверете, можеби во моментов имаме некои промоции и купони за попуст.
Најлесен начин за совладување на наставниот материјал е да одвоите 15-ина часа од вашето драгоцено време, да ги прочитате сите лекции и да одговорите на прашањата кои се прелесни.
ePass сертификатот е потврда за успешно совладан курс за основни компјутерски вештини и програми за канцелариско работење и истиот може да го приложите на вашето работно место во вашето портфолио со што ќе ви се зголемат шансите за унапредување и поголема плата или доколку барате работа, приложете заедно со апликацијата/барањето за работа и останатите документи. ePass е валиден доказ за вашите вештини.
Сертификатот нема рок на траење, но сепак, доколку аплицирате на оглас за работа, погледнете дали во огласот е наведено на пример сертификатот да не е постар од 3 години.
Доколку според критериумите од огласот за вработување или од друга причина, вашиот сертификат биде сметан за застарен, истиот ќе може да го обновите.
Јавете се на 076 448 996 или оставете контакт податоци подолу, ние ќе ве побараме.
Јавете се на 076 448 996 или оставете ги вашите податоци за контакт, ние ќе ве побараме.
Want to receive push notifications for all major on-site activities?
Јавете се на 076 448 996 или оставете ги вашите податоци за контакт, ние ќе ве побараме.