Што значи дека сертификатот е “дигитален”?

Дигиталниот сертификат што го добивате по успешно завршување на курсот е официјален и верификуван документ. Наместо традиционален печат и рачен потпис, тој содржи QR код за верификација и може да се провери онлајн во секое време.


🛡️ За валидноста на дигиталниот сертификат

Сертификатите издадени преку платформата ePass.mk се дигитални, верификувани и безбедни. Секој од нив содржи уникатен QR код и идентификациски број, преку кои секој може веднаш да ја провери неговата автентичност преку нашата веб-страница.


✅ Како се проверува валидноста?

Секој сертификат има уникатен QR код или линк за верификација. Со едноставно скенирање, се прикажува:

  • Името на кандидатот

  • Назив и датум на курсот

  • Потврда дека е издаден од нашата платформа

  • Податоци за валидноста и статусот на сертификатот


 

🏢 Правна основа и поддршка

Издавањето на дигиталните сертификати се врши од страна на:

ДПТУ „АТ СОЛУТИОНС“ ДООЕЛ Гевгелија,
регистрирана компанија со дејност во областа на образованието, согласно Националната класификација на дејности (НКД 85.59 – Останато образование, д.н.е.).

Под оваа компанија функционираат:

  • Едукативниот центар „Алт Скул“ во Гевгелија – со настава со физичко присуство

  • Онлајн платформата ePass.mk – за онлајн обуки и сертификација

Сертификатите што ги издаваме преку ePass.mk се официјален доказ за успешно завршен курс, потврдени од регистрирана и активна образовна институција.


📌 Зошто е ова сигурно?

  • Секој сертификат е впишан во безбедна база на податоци

  • Не може да се фалсификува – QR кодот и ID бројот се единствени

  • Може да се испечати, и повторно останува валиден

  • Поддржан е од регистрирана правна компанија, не е само „PDF“