Биографија
Трајче Аврамов е роден на 21 јуни 1986 година во Гевгелија. Уште од рана возраст покажува голем интерес кон тогашната технологија, а со подемот на информатичките технолoгии при крајот на 20-от и почетокот на 21-от век, веќе знае што точно го интересира и запишува средно стручно училиште - Електротехничар за сметачка техника и автоматика во Д.С.У. „Св. Кирил и Методиј“ во Неготино каде што има покажано голем интерес за струката, а има учествувано и остварено резултати на училишни и државни натпревари.
По завршувањето на средното училиште, своето образование го продолжува на Универзитетот „Климент Охридски“ - Факултетот за информатика при Техничкиот Факултет во Битола, кој подоцна стана самостоен и денес е познат како Факултет за Информатички и Комуникациски Технологии – Битола, каде што се стекнува со титула Дипломиран Информатичар.
Како информатичар има работено во повеќе јавни установи и приватни компании, соодветно на квалификациите, а од 2016-та год. е сопственик на приватна компанија која работи во образовната дејност.
Courses